Бројот на новозаразени со Ковид-19 е во благ пораст и голем удел за тоа имаат патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на делта-варијантата се утврдува дополнително.
Многу е веројатно дека ќе се соочиме со нов бран, но во изјава за телма министерот рече дека смета дека системот е подготвен да се справи со нов бран.
„Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции“, вели Филипче.
Министерот вели дека можни се евентуалните ограничувања на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.
„Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања“, вели министерот Филипче.






