Филипче, Мисирков и „најголемата нестрек’а за нашијо народ”

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Киријаковски прави историска паралела меѓу една од најголемите трагедии што му се случиле на македонскиот народ по Илинденското востание и тоа што се случува сега со Ковид-19 кризата.



“Мисирков проценува дека во Илинденското востание загинале 3-5000 лица и вели тоа било „најголема нестрек’а за нашијо народ”. Во изминатава година, од ковид, во Македонија починаа околу 5000 лица поради катастрофалната некадарност на владава. Да ги ставиме работите во контекст”, пишува Кирјаковски обидувајќи се да укаже со каква трагедија и катастрофа се соочува Македонија а одговорните не покажуваат дека се сериозно погодени од тоа.

https://twitter.com/profKirjakovski/status/1398317451054616576?s=19