Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, соопшти Министерството, пренесуваат повеќе медиуми.
Министерството, како што се посочува од таму, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.
Гетева во кабинетот на Филипче доаѓа од позиција уредник во телевизијата Алфа која што на почетокот на годинава од страна на партијата на Филипче беше официјално прогласена за медиум кој работи против државата Македонија односно е антидржавен елемент.





