Кој (не) ја говори вистината за новиот, британски сој на коронавирусот – македонскиот министер за здравство Венко Филипче или британскиот премиер Борис Џонсон?
„Нема простор за паника, остануваме внимателни. Ние и сега имаме превентивни мерки, кои очигледно дадоа резултат. Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70 проценти, според публикациите во Велика Британија. Исто така, тоа што е познато од литературата е дека типот, формата на болеста е полесна од она што беше претходно“, изјави Филипче за Канал 5.
„Високо преносливиот британски сој на вирусот е исто така и 30 проценти поубиствен“, предупреди Џонсон пет дена пред јавно изнесениот заклучок на Филипче.






