„Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот Ковид-19, направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија.
Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели“, соопшти во синоќешното гостување на Сител, министѕерот за здравство Венко Филипче.
Министерот потенцираше дека има значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки. ТВ21






