Министерството за здравство денеска го поништи тендерот тежок 35 милиони евра за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи.



Министерот Венко Филипче изјави декља биле констатирани недостатоци во поднесените документи, а и не било коректно  сесклучи договор кога има самоеден понудувач.

„Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот на нејзиното отварање. Првичната евалуација укажува на недостатоци во поднесените документи од страна на Економскиот оператор. Токму затоа Министерството за здравство донесе одлука дека тендерот треба да се поништи. Истовремено сметаме дека во овој случај и за овој тендер е некоректно да се склучи договор, иако Законот за јавни набавки дозволува да се склучи договор со една фирма понудувач“, изјави на прес- конференција министерот.

Инаку, според сознанија на НОВА ТВ, Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ ја добила регистрацијата за увоз на реагенси само 4 дена пред отварање на понудите од тендерот.

Иако беше најавена, денеска претставници од фирмата не ја одржаа закажаната прес-конференција.