Министерот за здравство Венко Филипче денеска упати критика кон претседателот на државата, Стево Пендаровски, дека не помогнал во процесот на набавка на вакцини.
„Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана”, вели во писмената изјава Филипче.
Министерот инаку изрази изненадување од изјавата на шефот на државата дека сликите од Србија, каде минатиот викенд повеќе од 10 000 македонски граѓани се вакцинираа против Ковид -19 во ситуација кога во нашата држава се уште не е почнат процесот на имунизација, се срам за државата.
Вакцинирањето во Србија е одраз на солидарност во услови на криза, напиша Филипче на Фејсбук.







