Воведување мерка забрана за движење, може да има само ако се пополнат болничките капацитети при рапидно зголемување ма бројот на заразени со Ковид-19, вели министерот Венко Филипче според кој засега нема такви индикации:



„Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, рече Филипче.

Во врска со синоќешната забава во ноќен клуб во Струмица, министерот побара МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! „Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, вели Филипче.