По вчерашниот „црн рекорд“ , министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека денеска има 364 заразени со Ковид-19.
Тоа е нов рекорд на новозаразени со оглед дека вчера беше 317.
Во болнички услови починале 3 лица, од Охрид (73 г.), Гостивар (62 г.) и Радовиш (72 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147.





