Министерот за здравсво Венко Филипче смета дека добар е предлогот на Комисијата за заразни болести децата до трето одделение од есен во училиште да посетуваат настава.



„Празни ќе бидат училиштата, а другите да бидат со онлајн-настава“ вели Филипче во интервју за МКД но предупредува дека „се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија.

На прашањето дека има родители кои најавуваат велат нема да ги пуштат децата на училиште…, министерот со одговор:

„Нашите препораки се темелат на епидемиолошките сознанија, а МОН треба да одговори за другите предизвици“.

МКД: Вие лично мислите дека треба да одат?

„Апсолутно мислам дека солидна е препораката за од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите“.

МКД: А ако не се согласни?

„Тогаш треба да има и онлајн-модел“ за за забелешките како деца од прво одделение ќе учат онлајн кога не ги знаат ни буквите, Филипче вели:

„Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко“.