Филипче дал огромни пари на фирма фатена во криминал (РАДИО ЛИДЕР)

Нов скандал за министерот за здравство Венко Филипче, кој наместо негативна референца за учество на државни тендери на компанија кај која било детектирано незаконско работење и доделил тендер од 7,8 милиони евра.



Ова го покажуваат документите кои ги објавува Радио Лидер.

Имено, кај компанијата Промедика од Комисијата за заштита на конкуренцијата било детектирано дека незаконски преку своја фирма ќерка под називот Неокор го изигрувала системот за јавни набавки.

Двете компании, зад кои стои едно лице, бизнисменот Ристо Лузевски, изигрувајќи го системот ги подигале цените на продуктите на тендерите со што во изминатите години се стекнале со милионски профит на сметка на даночните обврзници во Македонија, пишува Лидер.

Документот од КЗК, до кој стигна Радио Лидер јасно го потврдува ова, но од институцијата одбиваат да ја соопштат висината на казната која ја добила Промедика, во исто време извори од обвинителството за нашата редакција велат дека и кај нив била отворена постапка, но поради политички притисок случајот се чува во фиока.

Повеќе на лидер.мк