Филип Петровски, се приклучил на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ, на Јове Кекеновски, која денеска објави окрупнување на фронтот за спас на партијата и дека ќе ги соопштат ставовите за актуелните партиски случувања.



Петровски побара сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ  да поднесат неотовиклива оставка, зашто само на тој начин ќе била предизвикана власта, која, според него, е нелегитимна.

„Се договоривме да делуваме заедно. Сите се добредојдени во Фракцијата. Битно е да се демократизира ВМРО-ДПМНЕ, да се направи реформа на статутот, да се цени мислењето на членовите, да им се даде право на членовите во избирањето на партиските органи“ изјави Петровски за „Фокус.