Иако поднесе кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ која што беше прифатена Филип Петровски денеска не е во салата во Струга каде што македонската опозиција избира кандидат за претседател на Македонија.
Тој на социјалните мрежи тврди дека не е во салата затоа што не му било дозволено во салата да влезе целата негова екипа соработници.
Предходно на заеднички состанок на сите 9 кандидати им било укажано дека во салата на конвенцијата можат да дојдат со по најмногу двајца претставници кои ќе бидат дел од процесот на работа и пребројување на гласовите.
На состанокот во ВМРО-ДПМНЕ одржан минатата недела на кој што не се појавил Филип Петровски присуствувала негова претставничка која побарала Петровски да влезе со 10 члена екипа на конвенцијата но сите кандидати се согласиле дека 9те кандидати можат да имаат само по двајца придружници.
Според коментарите на социјалните мрежи Петровски вооопшто не сакал да биде дел од партиската конвенција затоа што знаел дека нема поддршка во партијата.
Според негови поранешни соработници од времето на неговата партија Демократска десница која што во 2011 година освои 2000 гласа во цела Македонија тој мислел дека неговата кандидатура ќе биде одбиена и се пријавил за да може да тврди дека во ВМРО-ДПМНЕ нема демократија.
Откако Петровски не бил одбиен од конвенцијата тој сега има нов план да и наштети на опозицијата да постигне максимален резултат на првиот круг од претседателските избори.
Според луѓе блиски на Петровски тој сега со помош на структури на партијата на Јанко Бачев и луѓе блиски на СДСМ ќе започне да собира 10 илјади потписи за независна кандидатура.
На конвенцијата во Струга Петровски сепак има свој претставник, Билјана Челик, која што се очекува да се обиде да го искористи времето од 15 минути кое што им е дадено на сите кандидати.

Според правилата на конвенцијата право да говорат на бината имаат само кандидатите за претседател а не и невните соработници.





