Филипче го разреши Зибери

Денеска од функцијата е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.



Според Министеерствоти за здравство Зибери пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Зибери се пофали дека отворањето на границите без никакви огрануичувања е со цел граѓаните Албанци од дијаспората да дојдат во Македонија и да го поддржат нивниот „проект“ за Албанец премиер.

За нов ВД директор на Центарот за јавно здравје е назначен д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот.