Првоосомничениот за нападот на ракометарот, Денис Тот во Словенија бил осуден за трговија со дрога, дознава Фокус
Тој е роден во Марибор, а според она што го пишува во архивите на словенечките медиуми , во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка – удрил во пет паркирани автомобили и избегал…
Преку оваа сообраќајка мариборската полиција отркила дека тој е дел од криминална група на дилери на дрога.
„Фокус“ се обрати до МВР но засега нема одговор дали првоосомничениот бил осоудван во Македонија и дали имало некоја кривична пријава против него.
Засега тој се бара со централна потерница, а не со меѓународна.
За убиството на Тот е осомничен тој и уште две други лица кои се во притвор.







