Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се појави со мало задоцнување на денешната седница на Град Скопје за советнички прашања.
Но, наместо да седне на вообичаеното место каде што седи градоначалникот, односно во првиот ред, таа седна во последните редови кај што седат службеници од Градот, објави Фокус.
„За прв пат се случува, од 1946 година па навака, градоначалник на седница за советнички прашања да не седне на своето место. Но сепак тоа е нејзина одлука“, рече претседавачот Трајко Славески.
На оваа позиција градоначалничката нема ниту микрофон, поради тешко се слуша нејзиниот одговор на прашања поставени од советниците на седницата која е во тек.







