Поради знамето во соблекувалната на Србија, на кое над мапата на Косово беше испишано „Нема предавање“, следуваше казна според член 11 од Кодексот на ФИФА и член 4 од Правилата на ФИФА за Светското првенство во 2022 година.
Фудбалскиот сојуз на Србија поради казната од ФИФА ќе мора да плати 20.000 швајцарски франци.
Казнета е и Хрватска за навредите и транспарентите на навивачите упатени кон голманот на канадската репрезентација Милан Борјан.
Хрватскиот фудбалски сојуз поради тоа ќе мора да плати 50.000 швајцарски франци.







