ФИФА ги „санкционира“ името, знамето и химната на Русија

Осудувајќи ја „употребата на сила од Русија во нејзината инвазија врз Украина“, Светската фудбалска федерација (ФИФА) забрани Русија да се натпреварува под тоа име, како и да се користат нејзиното знаме и химна.



До следна одлука на ФИФА, ниту едно меѓународно фудбалско натпреварување или меч нема да се игра на територијата на Русија, а нејзината репрезентација како домаќин своите мечеви ќе мора да ги игра на неутрален терен и без гледачи.

Руските фудбалски селекции отсега ќе настапуваат под името „екипа на Фудбалскиот сојуз на Русија“, а не „на Русија“.

Знамето и државната химна на Русија нема да се употребуваат на мечевите во кои учествуваат тимовите на „Фудбалскиот сојуз на Русија“.

Останува можноста за исклучување на руските екипи од сите натпреварувања, ако конфликтот ескалира, се додава во соопштението на ФИФА.