Фатен бегалец од затвор, вратен во „Идризово“

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба синоќа уапсиле 41 годишен скопјанец кој претходно избегал од затвор.



Тој бил осуден на 13 години и пет месеци затворска казна, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово’ поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната.

По апсењето веднаш бил вратен во затвор за доиздржување на казната.

Утрово пак, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги уапсиле 27 скопјанец кој бил баран со потерница.

Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година и . ќе биде спроведен во надлежниот затвор за издржување на казната.