„Фатмир Бесими приватизираше државно земјиште во срцето на Скопје по цена од 7 евра за метар квадратен, стотици пати под пазарната вредност. За оваа чиста кражба Бесими ја обвинува владината регулатива од 2011 година, со кои од тогаш е одредено рамништето на надоместот.“ – реагира Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците во врска со информацијата дека со решение за приватизација, издадено од Министерството за финансии, каде што е министер Фатмир Бесими од ДУИ, Фатмир Етеми и неговата компанија „ЗСФ-КОМ“ станале сопственици на атрактивни парцели во близина на поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“. На таа локација во строгиот центар на главниот град квадратот на земјиште се продава и за 2.000 евра.
Во својата објава на фејсбук, која ја пренесува весникот на албански јазик „Лајм“, Фетаи дополнува: „А кој беше министер за економија во 2011 година? Истиот тој Фатмир Бесими. Така вечниот министер Бесими оваа изнуда ја придодава кон навредувањето на интелигенцијата на граѓаните. Оваа приватизација треба да се подложи на истрага час поскоро, затоа што некој тука заработил милиони.“
Home Македонија Фетаи: „Вечниот Бесими приватизираше државно земјиште во Скопје стотици пати под вредноста...





