Фетаи: „Со судството, заробено од мафијата на ДУИ, не може да има одговорност за ковид-трагедијата во Тетово“

„Поминаа повеќе од 6 месеци од тетовската трагедија во ковид-болницата и молкот на правдата е заглушувачки.“ – вели во својата објава на фејсбук Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците, која ја пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.



Фетаи на фејсбук пишува: „Со судството, заробено од мафијата на ДУИ, не може да има одговорност во овој случај, во кој се вмешани потпретседателката на ДУИ, претседателот на огранокот на ДУИ во Тетово и многу други високи функционери на ДУИ.“

„Војникот на мафијата му рапортира на капото, а не обратно.“