Фетаи: „Сите овие аџии на Владата испаднаа дека се крадци кои крадат милиони од нашите пари!“

„Сите овие аџии на Владата испаднаа дека се крадци кои крадат милиони од нашите пари! Кај му е местото на овој аџија, врзан со лисици среде Рамазан?“ – реагираше Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците со оваа објава на својот фејсбук-профил во врска со осомничувањето на, како што го нарекува иронично, „владиниот аџија“-сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата на Македонија Мухамед Зеќири дека извршил злоупотреби на својата владина функција со износ од околу 950 илјади евра.