„Според резултатите од пописот, само 12% од населението живее во странство. Оваа бројка не е точна и е двојно поголема во реалноста. Според меѓународните организации, повеќе од 30 отсто од населението на с.Македонија во странство. Ова ги прави целиот процес и денешните бројки да не се веродостојни.“ – реагираше Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците во врска со денес објавените резултати од пописот.
На својот фејсбук-профил Фетаи дополни: „Денес Македонците продолжуваат да бидат 54% мнозинство, само благодарение на манипулацијата која беше направена со укинувањето на првичната регистрација со која се демобилизираа албанските граѓани. Денес предавството има име: се вика ДУИ.“





