Судот да побара конкретен одговор од  Министерството за правда до каде е екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети во случајот „Монструм“ кои се наоѓаат на Косово, побара денеска обвинителката Фатиме Фетаи .



„Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек“, рече обвинителката Фетаи, пренесува Нова ТВ.

И родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро побараа средба со министерката за правда, Рената Дескоска.