Фетаи: Нема Албанец кој не ја поддржува изградбата на коридорот 8, но криењето на договорот со ништо не се оправдува

Арбен Фетаи, шеф на Одделот за евроинтеграции на Алијанса за Албанците, смета дека нема никакво оправдување за држење во тајност на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во Македонија.



„Нема Албанец кој не ја поддржува изградбата на коридорот 8, затоа никој не се противи што се гради без тендер, без понуда и без конкуренција.

Меѓутоа, чувањето на договорот во тајност, уште повеќе кога се земаат предвид лошите искуства во Албанија и во Косово, непотребно ги зголемува сомнежите за корупција и злоупотреби од страна на власта.

Тајноста со ништо не се оправдува. Договорот треба да се објави бидејќи граѓаните имаат право да знаат што купуваат со своите пари“, коментира Фетаи на Фејсбук.