„Постапката за ‘Рекет’ ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, пред почетокот на денешното рочиште за „Титаник 3“.
Таа додаде дека обвинителите од СЈО продолжуваат со својата работа.
„Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3’“, кажа кратко обвинителката пред почетокот на судењето.
За утре закажан е распит во Јавното обвинителство на шефицата на СЈО, Катица Јанева, токму за случајот „Рекет“.




