Фетаи на Ахмети во „Монструм“: Како Вие како лидер на партија менаџиравте…?

Порталот СакамДаКажам, пренесе дел од тоа како се одвивал денешниот распит на сведокот Али Ахмети од страна на обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Монструм“, пза петкратното убиство кај Смилковско Езерро.



Пренесуваме дел од испрашувањето:

(…) „На 12.05.2012 година во еден од прислушуваните разговори вие од него барате да се формира паралелна комисија, која покрај обвинителството и судството би работела на расветлување на случајот. Од што произлегуваат вашите сомневања?“, продолжи да го прашува Фетаи.

„Ова беше поврзано и со внатрешните случувања, зашто имавме информации дека може да има протести и ситуацијата да излезе од контрола. Морав да ја изменаџирам целата работа“, рече тој.

„Барате од заменикот министер Џелал Бајрами да оди на прес-конференција за случајот, тој не сака“, го потсети обвинителката.

„И тоа беше дел од напорите да се менаџира ситуацијата“, рече Ахмети.

„На 4.04.2012 на соговорникот му велите дека убиените биле класично стрелани. Од каде ви беа сознанијата?“, продолжи Фетаи.

„Информациите ги имав од институциите, бидејќи се зборуваше дека тие не биле само убиени, туку масакрирани“, одговори Ахмети.

„На 21.04.2012 на соговорникот му велите дека биолошкиот материјал не им припаѓа на осомничените, туку на тие што не се тука. Од кај знаевте кои се тие осомничени, кога тоа било предистражна постапка?“, го потсети Фетаи што зборувал по телефон.

„Сигурно тоа не било непоткрепена информација од официјален орган“, кажа Ахмети.

Фетаи: „На 3.05.2012 Блерим Беџети ве прашува: ’Овие другите како одат шефе?‘“.

Ахмети: „Се обидувавме да менаџираме“.

Фетаи: „Како вие како лидер на партија менаџирате, што значи тоа?“

Ахмети: „Гледавме аргументите и доказите да бидат што поцврсти, во интерес на вистината и откривање на сторителите“.

Повеќе