„Од симбол на борбата за еднаквост и стремежот за образование Универзитетот во Тетово стана симбол на заробувањето на државата од страна на ДУИ.“ – реагира Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците во својата објава на фејсбук по веста за превирањата на Факултетот за музика на државниот Универзитет во Тетово, каде што студентите се во судир со професорката Бесијана Бехмеди, едновремено и позната мецосопран-пејачка, обвинувајќи ја дека, наводно, „ги малтретира и не ги врши правилно педагошко-професорските обврски“.
На својот фејсбук-профил Фетаи пишува: „Образованието и знаењето се најдоа во втор план. Првичната мисија на ДУИ стана удобно да ги згрижува функционерите и милитантите на ДУИ, мнозинството од нив со титули или купени, или фалсификувани.“
„Скандалот со професорката Бесијана Мехмеди е само врвот на ‘ледникот’ на проблемите, со кои се соочуваат овој универзитет и албанското образование во земјата.“
„Тетовскиот универзитет денес се идентификува со ‘Doctor Horroris Causa’. Колку ниско паднавме.“
Инаку, Фетаи користи игра на зборови и наместо „Doctor Honoris Causa“, што значи „Почесен доктор на науки“, тој вели „Doctor Horroris Causa“, што би можело да се преведе со „Доктор на науки на хоророт“.
Home Македонија Фетаи: Тетовскиот универзитет ги згрижува функционерите и милитантите на ДУИ, мнозинството со...





