Фетаи: „Министерот за здравство Сали згрижил 30 членови на семејства на партиски милитанти, некои и со по две плати“

„Со кого си, таков и стануваш’ – Арбен Фетаи од Алијансата на Албанците со став за сегашниот министер за здравство Беким Сали од Алтернатива и за договорите за работа на членови на нивни семејства“ – под ваков наслов информативниот портал на албански јазик „Ин7“ известува за објавата на Фетаи на својот фејсбук – профил.

„Ин7“ пренесува ја пренесува таа објава:



„Теута Арифи: 240 фиктивни вработувања за една година.
Беким Сали: 30 членови на семејства на партиски милитанти удобно згрижени, некои и со по две плати од даноците, кои ги плаќаме ние.
Овие биле бетер и од ДУИ, поголеми лажговци од нив. Не се рекло напразно дека со кого си, таков и стануваш.“