Фетаи ќе го викне Заев да сведочи за „Монструм“


Обвинителката Фатиме Фетаи денеска најави дека премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро.



Судијата Огнен Ставрев соопшти дека следното рочиште ќе продолжи на 5 септември со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”.

Еден од родителите на убиените момчиња на денешното рочиште побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви, јавува НОВА ТВ.