Фетаи: „ДУИ не вредат пет пари за СДСМ“

„Велејќи дека ‘СДСМ за 24 часа во три случаи покажа дека ДУИ не вредат пет пари за него’, Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците им реагираше на функционерите на ДУИ, кои ја поздравија одлуката на Владата за двојазични униформи, но и оти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека албанскиот јазик нема да се користи на централно ниво.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“

„Ин7“ ја пренесува објавата на Фетаи на фејсбук: „СДСМ за 24 часа во три случаи покажуваше како ги третира ДУИ, докажувајќи дека за него тие навистина не вредат пет пари.“
„Министерот за внатрешни работи Спасовски покажа дека Ахмети измамува со полициските униформи и дека албанскиот ќе се користи само на локално ниво, во општините каде Албанците учествуваат со повеќе од 20 проценти во структурата на населението.“
„Заменик-претседателот на Владата за европски прашања Маричиќ го стави во постапка предлог-законот за промена на полот, без воопшто да го праша заменик-министерот за правда Агим Нухиу.“
„Тито Петковски, лидерот на владината партија НСДП, се огласи со став против министерот за надворешни работи Османи во врска со санкциите кон Русија, фалејќи ги Путин и Вучиќ.“
„Ниту збор од ДУИ за ниту еден од овие скандали, бидејќи ДУИ се обичен декор.“