Фетаи до Ахмети и Груби: Од каде сета блискост меѓу ДУИ и УБК во најтемните години?

„Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците преку објава на Фејсбук им упати прашања на претседателот на ДУИ Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби од каде од сета оваа блискост меѓу ДУИ и УБК во најтемните години? Бидејќи, по средбата со премиерот во заминување Зоран Заев и новиот претседател со СДСМ Димитар Ковачевски Ахмети и Груби беа седнати на иста страна со Миле Зечевиќ, претходник на Сашо Мијалков и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7’.

„Ин7“ ја пренесува целосно објавата на Фетаи:
„Во скутот на Сашо Мијалков, со неговиот претходник Миле Зечевиќ официјално на истата страна на масата. Од каде сета оваа блискост меѓу ДУИ и Управата за безбедност и контраразузнавање од најтемните години?“