Фетаи: Борел замина, датум нема – кај се Гаши, Реџепи, Тачи, кои ѝ го продолжија животот на ДУИ во име на ЕУ?

Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците со критики на својот фејсбук-профил реагираше во врска со посетата на Жозеп Борел денеска во Македонија:

„Дојде во Скопје и си замина Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи.“
„Заклучок: датум нема, ниту ќе има.“
„Кај останаа лидерот на Алтернатива Африм Гаши, пратеникот Кастриот Реџепи, лидерот на ДПА Мендух Тачи и другите патерици на ДУИ, кои и го продолжија животот на оваа партија во име на Европската Унија?“