Фетаи – Алијанса: Влада на губитници, измамници и „корисни идиоти“ – тешко дека ќе потрае 100 дена

Информативниот портал на албански јазик „ин7“ ја пренесе објавата на фејсбук на Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците, во која тој напиша:

„Бујар Османи ги блокираше евроинтеграциите и избега во Министерството за надворешни работи.“



„Бојан Маричиќ ја осакати правдата и избега во евроинтеграциите.“

„Љупчо Николовски ја официјализираше корупцијата како форма на владеење и избега во земјоделството.“

„Венко Филипче го уништи здравството и и го препушти на бедната Алтернатива.“

„Влада на губитници, измамници и ‘корисни идиоти’, која тешко дека ќе потрае 100 дена.“