„Али Ахмети вели дека ‘Албанците ќе се обединат во Европа’. Мој коментар: Нема поголем идиотизам и потсмевање од ова. Во Европа Албанците ќе им се обединат со Србите, Бугарите, Французите, Германците и други. Имавте 20 години да ги отстраните границите меѓу Албанците, но Мијалковци, Зеќевиќи и Вучиќевци не ви дозволија. Вие сте нивни заложници.“ – реагира остро Арбен Фетаи, висок функционер во владината Алијанса за Албанците и шеф на кабинетот на нејзиниот лидер Арбен Таравари, во врска со ставовите на лидерот на „интегристите“ Ахмети за „евроинтегрирањето на земјата“.
Во објава на својот фејсбук-профил Фетаи, исто така, пишува: Бујар Османи вели: „Додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали ниту едно влакно.“
Мој коментар: Бујар, ајде, појди и прашај ги членовите на семејствата на Реџаил Ќерими, Харун Алиу и малиот Алмир што мислат за оваа ваша гаранција. Не заборавајте да ги прашате и членовите на семејствата од случаите Сопот, Бродец, Монструм, Населбата на смелите (Диво насеље – заб.прев.). Дури тогаш излегувај и давај такви тврдења за безбедноста на Албанците.





