Фетаи: Ахмети го моли Таравари за спас, оти кариерата му заврши по 20-те години крадење! – Со здробена ДУИ народот ќе ја добие промената!

„Али Ахмети и Артан Груби молчат денес, бидејќи се во најголема мака од формирањето на ДУИ. Али Ахмети отиде во Гостивар да го моли лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари за спас, затоа што знае дека кариерата му завршила и оти партијата му е разбиена од американската ‘црна листа’ и пресудите за затвор и za конфискација на милионите, натрупани во текот на 20 години крадење!“порача преку фејсбук Арбен Фетаи, високиот функционер во Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на нејзиниот лидер Арбен Таравари.



Во објавата на својот фејсбук-профил Фетаи уште пишува: Сакам да верувам дека Алијансата за Албанците, особено нејзините искрени активисти, кои се мнозинство, ја сфатија важноста на моментот и оти ќе видиме подалеку од искушенијата на Али Ахмети и моќта, власта, што ни ги дава, во замена за неговиот спас.

Моќта и власта се заработуваат, тие не се добиваат на вересија од противникот. Со здробена ДУИ другите партии ќе имаат повеќе моќ и позиции, а народот ќе ја добие конечно долгоочекуваната промена. Сега навистина е време!