Одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот Exit дефинитивно нема да се одржи од 13 до 16 август годинава..
Организаторите на официјалната веб-страница соопштија дека „за жал, здравствената состојба во земјата не е подобрена“, пренесува Танјуг.
„Имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници во фестивалот се наш приоритет број еден, сакаме да ве информираме дека одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот Exit дефинитивно нема да се случи од 13 до 16 август годинава во тврдината Петроварадин“, стои на веб-страницата на фестивалот.
Организаторите најавија дека до крајот на месецот ќе бидат објавени датумите за ЕГЗИТ 2021.
Претходно оваа година, организаторите најавија дека „Exit“, и покрај состојбата со коронавирусот, ќе се одржи во тесна соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а една од мерките беше да се намали капацитетот на „Exit“ за половина од вообичаените 55.000 посетители на ден.





