Вардаровата навивачка група „Комити“ направи вистинска фешта на Националната арена „Тодор Проески“ за продадените над 30.000 виртуелни билети за спас на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
„Ние го сторивме нашето, со еден чист ентузијазам, позитивна енергија и љубов започнавме нешто во што верувавме од самиот почеток. Дојдовме до една фрапантна бројка од над 30.000 продадени билети.
Успехот дојде затоа што зрачеше од искреност секој наш чекор, секој наш здив, секој момент кога гледавме како се намалуваат достапните билети.
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ! Затоа што е сакан, затоа што сплотува, затоа што е онаа состојка во општеството на која може да се налепат сите…
Од најмали нозе до најстари, машки и женски, од десно, но и од лево. Од сите страни, од цела Македонија.
Вардар е клуб на сите Македонци! Вардар е Македонија!
#ЌеЖивеешТитану #ЕденЖивотЕднаЉубов“, порачаа „Комити“.






