Гинтер Фелингер, претседател на организацијата Европејци за даночна реформа (ЕТР), која се залага за воведување рамен данок во европските држави, оценува дека Грција прва би ги почувствувала придобивките од почнувањето преговори за членство на Македонија во Европска унија.
„И ве молам да почнеме со преговорите за членство во ЕУ на забрзан начин со Македонија, со Албанија и со Влада на Црна Гора. Грција прва ќе профитира од европската иднина на Јужен Балкан – обединети во ЕУ – и богати заедно“, твитна австрискиот економист.
На Фелингер му се поткраднала грешка со Црна Гора, која веќе е во преговори со ЕУ и има отворено 30 поглавја, а претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, ја посочи со Србија како можни нови членки до 2025 година.





