Фејсбук ќе отстранува лажни вести за ковид-вакцините

Новите правила доаѓаат сега кога вакцинирањето против коронавирус станува се поверојатно во наредните денови и по објавувата дека ќе почне употребата на вакцината на Pfizer / BioNTech, пренесува „Индипендент“.



Според Фејсбук, се појавил наплив на дезинформации на социјалните мрежи.

„Ова може да вклучува лажни тврдења за безбедноста, ефикасноста, состојките или несаканите ефекти на вакцините. На пример, ќе ги отстраниме лажните тврдења дека вакцините КОВИД-19 содржат микрочипови или што било друго што не е на официјалниот список на состојки за вакцините “, објавија од Фејсбук.

Од „Мрежата“ соопштуваат дека ќе бидат отстранети и теориите на заговор за вакцините Ковид-19, како на пример оние дека специфични популации се принудени да ја тестираат вакцината против нивната волја.