87 милиони корисници насоцијалната мрежа Фејсбук од цел свет денес ќе дознаат дали се жртви на една од најголемите измами во историјата на компанијата и дали нивните приватни податоци биле споделени од компанијата Cambridge Analytica.
Како што објавува „Гардијан“, Фејсбук објави дека сите корисници чии профили биле хакирани и украдени ќе бидат информирани за тоа со детална порака на нивниот „ѕид“.
Исто така, сите корисници на Фејсбук ќе добијат порака „Protecting Your information “ со линк на кој може да дознаат кои апликации ги користат и кои приватни податоци се споделуваат од тие апликации, со можност да ги исклучат.
Најголемиот дел од засегнатите корисници со скандалот, околу 70 милиони, се државјани на САД, но покрај нив „ Cambridge Analytica“ добила податоци за над два милиони луѓе од ЕУ, милион Филипинци и Индонезијци и околу 310.000 Австралијци…





