Вториот човек на Федералната унија ја европски националности (ФУЕН) пред два дена во Грција се сретнал со претставници на организацијата на Македонците во оваа земја која се грижи за унапредување на македонскиот мајчин јазик на Македонците во Грција.
ФУЕН е формирана во 1949 година и во неа членуваат 103 организации на националности од европскиот континент.
Организацијата на Македонците во Грција меѓу кои е и свештеникот Никодим Царкњас неодамна побарала да биде член на ФУЕН.
,,Нашиот потпретседател Госта Тефт вчера отпатува за Централна Македонија во Грција за да го посети „Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик“/„НПО Крсте Мисирков“ кое го претставува македонското малцинство во Грција.
🏣 Организацијата аплицираше за членство во ФУЕН. Посетата на лице место на делегација во таков случај е дел од нашата стандардна практика со цел да ги провериме локалните структури и нашите критериуми за прием. Воодушевени сме од гостопримството!”, пишува во објавата на европското движење која може да ја видите во оргинал на овој линк
https://www.facebook.com/187350871305972/posts/7392017930839194/






