Не бе дечки, оставката е класично бегање, коментира кусо на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски по поднесената и прифатена оставка на Драги Рашковски, досегашниот секретар на премиерот Заев.
„Требаше да си добие отказ или да остане на позиција додека не се отвори и затвори истрага за потеклото на имотот и за софтверот.
За да си остане запишано дека додека бил на позиција злоупотребил средства или енормно се збогатил. Вака, само си го спасувате човекот, додека глумите морална одговорност“, пишува Мицковски.






