Иљче Затаракоски со неколку објави на Фејсбук го коментира хаосот во Вашингтон по демонстрациите на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп.
„А бе еден слободен ден ќе земит господинот Заев и одма проблеми во светот. Дај приберете се!“, е ФБ-статусот на денот.
Во конкуренција беа уште неколку објави на охриѓанецот за истата тема:
„Сега Мексико ќе почнит да градит ѕид кон Америка“;
„Да пуштаме медијатори од ДУИ ако е итно?“;
„Таман ние ќе блесниме, ќе пукнит во Америка. И ај заспи после“.






