ФБ-објава на денот: Стварно ќе требало и Азис да го слушаме заедно?

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, во објавата на денот на Фејсбук со реторичко прашање по најавата од бугарскиот премиер Кирил Петков за заедничко чествување на Гоце Делчев.



„Стварно ќе требало и Азис да го слушаме заедно?“, прашува Илиевски за бугарскиот пејач од ромска националност Васил Тројанов Бојанов, многу попознат како Азис, кој во неодамнешно интервју себеси се опиша како: „Јас бев сè што Бугаринот мрази“.