Божидар Божиновски ја искористи новата мундијалска победа на пенали на хрватските фудбалери за во објавата на денот на Фејсбук да ја парафразира славната мисла на Гари Линекер дека „фудбалот е едноставна игра: 22 мажи бркаат топка 90 минути и на крајот секогаш победуваат Германците“:



„Фудбалот е игра која се игра 90 минути и на крај победува Хрватска на пенали…“, констатира сценаристот откако „коцкестите“ на Светското првенство во Катар на пенали го елиминираа Бразил, пред него и Јапонија, а на претходното по истиот рецепт славеа против Данска и Русија.

Со тоа, избраниците на селекторот Златко Далиќ се израмнија со Германците, единствената друга селекција со стопроцентен успех во сите четири пенал-серии на планетарните шампионати.