Најавата дека учениците од основно образование што нема да добијат учебници дотогаш ќе учат од наставни материјали го инспирира Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит во објавата на денот на Фејсбук да го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да помогне како со антиковид-вакцините, со маслото за јадење, со брашното…
„А претседателот Вучиќ не може некако учебници да обезбеди?? Па каква е оваа негрижа??“, прашува еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и водител на вечерно шоу на телевизијата Алфа.





