Балканскиот кореспондент на влијателниот германски весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ Михаел Мартенс во својата најнова анализа за спорот Скопје – Софија со коментар за бугарските обиди Македонците да се претворат во Бугари по пат на уцени за ЕУ.
„Бугарската влада ќе се откаже од своето вето, само ако Македонците се подготвени да го прифатат доминантниот бугарски историски поглед на спорот”, пишува Мартенс.
Тој со доза на иронија пишува дека: “Македонците се „измислена нација“ – за разлика од бугарската нација, за која во Софија јавно сметаат дека е подарок од Бога, паднала од небото или настанала како резултат на осмоза.“
Мартенс, кој е одличен познавач на Балканскиот полуостров и забележува на Софија дека со помош на историјата политиката сака да освои поенти на следните парламентарни избори и за тоа ги злоупотребува историчарите.
Мартенс вели дека во сите балкански земји има две групи историчари, едни кои ги следат историските стереотипи и други кои ги почитуваат историските факти.






