FAZ: Молк од Грците, Французите, Холанѓаните кога Цанчев најавил вето за Македонија

Софија бара Македонците да признаат дека прво биле Бугари и зборувале бугарски пред процесот на историско фалсификување да ги претвори во независна нација, пишува влијателниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во анализа за состојбите со Македонија во ЕУ.



“Меѓу амбасадорите на ЕУ, појавувањето на бугарскиот амбасадор оваа и минатата недела беше наидено на неразбирање и тресење на главата. Никој не скокна на тоа, ниту Грците, ниту Французите или Холанѓаните, кои пред една година го блокираа почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија”, пишува новинарот на ФАЦ Михаел Мартенс за расправата во телото Европската Унија каде амбасадорите на земјите членки се договарале за Македонија.

Насловот на тестот на новинарите Мајкл Мартенс и Томас Гутчер ФАЦ е:
Македонија, изум на југословенската пропаганда?