Германскиот кандидат за Претседател на Европската Комисија, Манфред Вебер најавува драматична промена во европската политика за проширувањето.
Германскиот десничар и член на партијата ЦДУ на Ангела Меркел кој има поддршка и од Курц, Орбан, Борисов, Јанша најавува дека ако биде избран за наследник на Јункер ќе ги прекине преговорите со Турција и ќе бара нов вид на партнерство со Анкара.
“Ќе се залагам за прекин на преговорите со Турција, со која ни треба силно партнерство, но без полноправно членство на Турција во ЕУ”, вели Вебер во интервју за неделното издание на таблоидот Билд.
Вебер не зборува за останатите балкански кандидати за членство во ЕУ и дали и за нив ќе се бара посебен вид на партнерство со унијата.





